Македонска политичка сцена, нови епизоди

Љубе Бошкоски најави враќање и уништување на Груевски!

Партијата на Љубе Бошковски Обединети за Македонија отвори штаб во Охрид, а истото го најавува и за други општини ширум државата. Партијата на Бошкоски е партнер и сојузник на СДСМ за што од Заев добија четири директорски места и тој е ден од низата поранешни функционери во ВМРО ДПМНЕ кои откако ги загубија функциите во својата партија имаа лажна претстава дека се автпоритети и се обидоа со нови, свои партии на политичката сцена но, откако таму пропаднаа денес се дел од кампот на СДСМ: Љубчо Георгиевски, Ден Дончев, Љубе Бошкоски, Љупчо Балковски... 

Љубе Бошкоски беше ин флагранти, на лице место, фатен како од грчки државјанин, порано вработен во грчката амбасада во Скопје, прима 100.000 евра во кеш со ветување дека тој и неговата партија јавно ќе лобираат за брза промена на уставното име, согласно грчкиот план и барања.

Претходно Љубе Бошкоски беше во постапка за воени злосторства врзано за настаните од воениот судир во 2001 година, а од објавените документи и изјавите на бранителите и на Јохан Тарчуловски подоцна се дозна дека Бошкоски себе си се бранел фрлајќи ја вината врз Јохан Тарчуловски кој, за разлика од тогашниот министер Бошковски, иако немаше никаква функција во полицијата беше осудена за полициска акција. Видео снимка, со траење од 2:17 минути, од оваа изјава на Љубе Бошкоски во која го опишува Јохан Тарчуловски како виновник и предводник на акцијата беше јавно објавена на Јутјуб ( https://www.youtube.com/watch?v=A7a7oGGzRwc ) на 23 февруари 2015 година.

Освен ова, пред локалните избори СДСМ имаше интензивна акција против, според нивно недокументирано сознанаие, тоа што владата на Никола Груевски плаќала адвокатски трошоци за Јохан Тарчуловски за време на судењето во Хаг. Ако е тоа точно, тогаш е точно и дека за одбраната на Љубе Бошкоски и помош на неговото семејство владата плаќала и многу повеќе отколку за Јохан Тарчуловски, иако Љубе Бошкоски е богат човек со свој угостителски бизнис во околината на Пула, во Хрватска. Сето ова го потврдуваше и Љубе Бочшкоски во свои настапи и изјави по враќањето од Хаг, покажувајќи “неизмерна благодарност за македонската влада и лично на Груевски за помошта дадена нему и на неговото семејство“ како што зборуваше Бошкоски, откако со владин авион слета од Хаг, ја бацуваше земјата и ги гушкаше и бацуваше тогашниот премиер Груевски.

Но, по излегувањето од Хаг, Бошкоски тргна во друг правец. Косовските медиуми повеќе пати објавуваа а македонските пренесуваа дека е поврзан со кланот на Рамуш Харадинај но, и други косовски кланови кои се познати по своите криминлани активности. По неодамнешното излегување од затвор на косоварот Фљорим Малоку, осуден како учесник во вооружениот грабеж на Прокредит банка Скопје, косовските медиуми објавива фотографија од прославата на Фљорим Малоку на кој во Приштина е сликан - со Љубе Бошкоски.

Токму на тој настан, отварањето на партиски штаб во Охрид Љубе Бошкоски најави ново активно враќање во политиката, рече дека не може да се откаже од партијата во која што бил член 20 години.

Лидерот на Обединети за Македонија го спомена и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и рече дека завршило времето на политичкото чудовиште. Бошковски исто така рече дека неговата партија се крева од пепелта по деценија во заробеништво. Ова е продолжение на неговата претходно дадена изјава: “Нашиот бунт против овој закоравен бивш режим нема да престане додека не го трнеме секој коров кој го посеаја во Република Македонија. Ние како Обединети за Македонија дадовме поддршка на Зоран Заев, му дадовме поддршка зошто проценивме дека тој има сила да ги сруши Груевски и фамилијата, и зошто сметаме дека не е време да се докажуваме кој е лево, кој е десно или во центарот“, рече Бошкоски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари