ЛЕТНА ШЕГА: ОТКРИТИЕ НА ХРВАТСКИОТ ИНСТИТУТ "ФРАЊО АРАПОВИЌ"

Лингвистите сложни: Хрватите и Србите зборуваат ист јазик - македонски!

Словенечкиот некако би можело да се сфати како прав јазик, но со него се служат многу мал број луѓе поради што може да потпадне и под статистичка грешка

Откако нивните колеги од другите научни кругови веќе објавија неверојатни откритија и лингвистите од Институтот "Фрањо Араповиќ" конечно ги завршиле долгогодишните истражувања за јазиците на Јужните Словени, објави порталот news-bar.hr .

Хрватскиот и српскиот не се одделни јазици, тоа се всушност дијалекти од оригиналниот јазик што го зборувале Јужните Словени. Јазикот што го зборуваат Македонците е најблизок на оригиналниот, јужнословенски, јазик, така што можеме да кажеме дека всушност македонски јазик се зборува во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, но во овие земји се користи со незначително различни дијалекти.

При истражувањето стручњаците од Институтот "Фрањо Араповиќ" внимателно ги испитале зборовите кои не се исти во македонскиот и во некои од подоцна настанатите дијалекти. Се истакнува примерот со зборот убавв што Хрватите и Србите го замениле со формата лијепп во поголемиот дел на Хрватска, односно лепп во поголемиот дел на Србија и Загорје.
- Нашето истражување нема грешка. И јас некогаш сум мислела дека српскиот и хрватскиот се два одделни јазици, но не сум била во право. Ова истражување и заклучоците од него се непобитни, Србите и Хрватите зборуваат еден ист јазик, македонски, кратко коментира лингвистката Санда Хам.

Угледните лингвисти додадоа и амандман на својот истражувачки труд. Утврдија дека бугарскиот јазик не е ист со македонскиот јазик. Со помош на историчар открија дека при ширењето на старословенското племе на Македонците во Бугарија најверојатно отишол еден Македонец со говорна мана, а тамошните словенизирани Бугари го прифатиле македонскиот со говорна мана, јазикот што го зборуваат и ден денес, но во малку модифицирана верзија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари