Проект на МОН и Светска банка

Лекции се учат и во погони

Енергосистем од Скопје е една од десетте компании која доби грант од 10.000 евра од Министерството за образование и наука и која заедно со Др'авното средно училиште "Партение Зографски" ја презеде обврската да го спроведува проектот за унапредување и зајакнување на квалитетот на средното стручно образование. Практична настава во Енергосистем посетуваат 25 ученици. За потребите на практичната настава е подготвена специјална работилница во која се инсталирани и ставени во функција сите елементи предвидени со програмата на кои учениците практично ги стекнуваат знаењата за намената, начинот на инсталирање и одржување.

Во првата фаза се опфатени уште 10 училишта кои имаат меѓусебен договор со некоја компанија, каде учениците изведуваат практична настава.

- Со поддршка на МОН преку Проектот за развој на вештини и иновации во соработка со Светска банка изминатиот период е објавен јавен повик преку кој се доделени неповратни грантови од 5 до 20 илјади евра во насока на поддршка на фирми и училишта кои ќе склучат меѓусебни договори во делот на заедничката соработка и настапот во креирање поквалитетен кадар во средното стручно образование, кое е исклучително значаен и голем предизвик за РМ, а карактеристичен за високоразвиените земји како Германија и Австрија, истакна заменик министерот Спиро Ристовски при посетата на Енергосистем.

Појасни дека преку овој проект, покрај теоретскиот дел на наставата што се спроведува во рамки на соодветната компанија и на училиштето, постои и практичен дел од целиот овој процес каде учениците директно се запознаваат со системите и воопшто со целиот начин на функционирање.

- На овој начин се покажува целокупната општествена одговорност и придонесот што мо'ат да го дадат компаниите во развојот на образовниот систем на РМ, истакна Ристовски.

Во првата фаза се доделени 10 грантови од 5.000 до 20.000 евра, а како што посочи заменик-министерот, МОН ќе продолжи да го поддржува овој проект и процес за зголемување на квалитетот на практичната настава и вештините кај учениците.

- Продолжуваме со реформирањето на четиригодишното стручно образование затоа што сметаме дека тоа е главниот предизвик со кој РМ во следниот период ќе се соочува особено заради потребата и она што го диктира пазарот на трудот од домашните и секако од странските компании во делот од неопходноста на профили и кадар кој е потребен, истакна Ристовски.

Директорот на компанијата Зоран Кондратенко истакна дека по завршување на проектот Енергосистем како општествено одговорна компанија ќе ја стави на располагање работилницата за практична настава на едукативни институции и професионални здру'енија за обука на кадри согласно нивните потреби.

Учениците изразија задоволство од практичната настава од која можат да научат работи кои ќе им помогнат за нивно идно вработување.

Проектот е поддржан од Светска банка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари