Која тајна во Македонија ја крие Свети Николе?

Ге­ог­лиф со по­вр­ши­на ре­чи­си кол­ку ед­но фуд­бал­ско игра­ли­ште се на­о­ѓа во Ов­че По­ле, бли­зу Све­ти Ни­ко­ле. Јас­но­вид­лив од хе­ли­коп­тер, ави­он и, се­ка­ко, на ма­пи­те на „Гугл ерт".

Дел од ло­кал­но­то на­се­ле­ние е за­поз­на­е­но со по­сто­е­ње­то на ова ме­сто по­ве­ќе од 15 го­ди­ни, а не­ма сом­неж де­ка за тоа би­ла свес­на и по­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска ар­ми­ја. Последниве неколку години на­уч­ни­ци, аван­ту­ри­сти, истра­жу­ва­чи од це­ли­от Бал­кан по­ми­ну­ва­ат во Све­ти Ни­ко­ле ин­те­ре­си­рај­ќи се за мно­гу­те (над)при­род­ни фе­но­ме­ни во око­ли­на­та.

По откривањето на древниот пајонски град Била Зора, се зборува дека на мистериозниот рид во Црнилиште се наоѓа гробот на Александар Македонски. Оваа вест најпрвин се пренесуваше срамежливо и скептично, но откако пред две години независниот истражувач од Хрватска, Домагој Николиќ, во популарната емисија "На рубу знаности" ги објави своите сознанија за Александар Македонски, остана скепсата, а за геоглифот, пак, кој најдобро може да се види од птичја перспектива, во Свети Николе почна се погласно да се зборува.

Независниот хрватски истражувач, кој патем, има импозантно портфолио, своите аргументи дека гробницата на Александар Македонски се наоѓа во Црнилиште ги темели на читањата на геоглифот, за кој тврди дека ја прикажува сликата на големата мајка. Според Николиќ, сликата се огледува поточно математички, астрономски и геометриски, во чест на роденденот на Александар Македонски, кој се слави секоја година на 21 или на 22 јули.

Всушност, тврди тој, единствено во тие денови во зората овој геоглиф е управуван, односно се пресликува со соѕвездието Касиопеја, кој има ист таков знак. Професорот од Скопскиот универзитет, Аристотел Тентов, пак, за медиумите изјави дека на ова место има еден цел текст кој говори за тоа кој го изградил, но кој е закопан во гробницата треба да покажат археолошките истражувања, и тоа со современи методи.

Дали приказната за гробот на Александар Македонски е вистинска или не ќе покажат истражувањата на археолозите, а за сега доволен импулс е тоа што се предизвика интерес за организирани посети на нашата замја, така што ќе се работи на стратегија со која ќе се направи обид да се привлечат домашните и странските туристи .

- Го прикажуваат секако, знаете. Го прикажуваат како Грк. Јас лично мислам дека тој не е никаков Грк, тој е Македонец. Тој е Македонец со словенска крв. Никако грчка. Ние знаеме дека тој со Грците често разговарал со помош на преведувач и дека кога Грците од неговата војска се обраќале или обратно – кога некој им се обраќал на грчките трупи, тоа го правеле со помош на преведувач. Неговата војска имала околу 37 000 војници од кои само околу 7000 биле Грци, останатите биле Македонци, Тракијци, Илири итн., изјави Николиќ во популарната емисија "На рубу знаности".

Освен потврдата на овие добро познати факти, Николиќ во една емисија изнесе и уште една можеби помалку позната информација, а тоа е дека Словените и Александар Македонски коегзистирале во ист период. Тврдењето на Николиќ дека Александар е Македонец со словенска крв ги демантира информациите дека Словените на овие простори дошле многу подоцна.

Дел од македонска јавност е веќе запознаена со Повелбата на Александар Македонски упатена до Словените односно Привилегијата со која што тој им се заблагодарува за учеството во неговите борби и војувања. Повелбата односно Привилегијата е објавена во книгата "Кралството на Словените" од средновековниот патописец и историчар Мауро Орбини. Токму на оваа книга се повикува и Николиќ и вели дека Александар имал словенска крв по татко му Филип.

Во однос на гробот на Александар Македонски, Николиќ вели дека тој барал неговото тело по смртта да биде однесено во Македонија. Неговите претпоставки се дека Александар е закопан некаде во близина на античкиот град Билазора во близина на Свети Николе. Николиќ е посебно благодарен на македонскиот истражувач Никола Ристевски кој што му открил голем дел од информациите.

Запрашан од водителот уште еднаш да објасни за грчко – македонските релации на Александар и што тоа значи од денешна перспектива со оглед на тоа дека македонската територија подоцна беше поделена, Николиќ вели:

- Грците едноставно би сакале да се Македонци-Грци. Ама, тоа не е така, вели тој нагласувајќи дека до скоро до Солун па и во Солун се говореше во најголем дел македонски јазик, но кога дел од Македонија под сила на одредени околности стана дел од грчката држава, тогаш почнала голема хеленизација.

- Е сега сите ние со сила мора да се согласиме. Зошто ? Затоа што тоа е некаква службена догма и не смее да се доведе во прашање за да не се налутат Грците. Јас не знам зошто е важно кој ќе се налути? Важна е вистината.", изјави Николич нагласувајќи дека таканаречената хеленистичка историја била пишувана од Германците во 19 ти век и дека Грците во древната историја поради сопствените проблеми често и ги викале странците да дојдат за да им управуваат и да владеат.

Во рамките на емисијата, Николиќ изнесе огромен број интересни но и многу значајни факти за Македонија, особено од областа на метафизиката , езотеријата и астрономијата, а посебен акцент стави на езотериското значење на дел од зборовите во Македонскиот јазик . Инаку, во Македонија е веќе издаден речник на македонски езотерични зборови во рамките на македонскиот езотеричен роман "Розата од вода".

Поврзани

Најнови вести

Коментари