Кој ја стопираше идејата за Балканија?

Посилното трговско поврзување ќе значи и смирување на политичките тензии во регионот на Западен Балкан. Меѓутоа, тоа не им одговара на некои центри.

Тие центри не мора да бидат дури ни држави, туку интересни групи со силно вмешану во владите или трговци и производители на оружје.

Царинската унија повеќе им одговара на економски посилните земји, констатира за „Спутњик" економистот Борислав Боровиќ. И што и да се мисли за српското стопанство тоа е најсилно на Западен Балкан. Тоа, додава тој, го потврдуваат трговските биланси на договорот ЦЕФТА, од кои само Србија има трговски суфицит.

Кој тука прави сопки?

Србија има околу две милијарди странски директни инвестиции, рече во интервју за „Спутњик" и претседателот на Србија Александар Вучиќ и сугерираше дека никој во регионот нема над 400 милиони, ни Црна Гора, ни Македонија, ни Албанија.

Ако се здружиме, ако ги изедначиме даночните стапки, ги укинеме царините, ги приближиме субвенциите, тоа е пазар од над 20 милиони луѓе, одеднаш ќе станеме неспоредливо поатрактивни и за инвеститорите, полесно ќе ги извезуваме производите и би биле третирани како посилни и помоќни, порача Вучиќ во интервјуто.

- Не сум слушнал ниту еден аргумент против тоа, а идејата и се допадна и на ЕУ. Потоа сфатив дека некој од страна е против, па тогаш и припадниците на соседните земји излегоа против. Затоа реков, заборавете се, како ништо да не сум предложил. Ако е аргумент дека сите заедно ќе влеземе за три-четири години во ЕУ и дека ни треба замена за тоа, тешко ќе влеземе за тоа време, истакна претседателот на Србија.

Зошто останатите држави на Западен Балкан одбија ваков вид на соработка? Или под чиј притисок или сугестија ја одбиваат?

Кога зборуваше за влијанието од страна, претседателот Вучиќ очигледно мислел на САД, толкува за „Спутњик" Душан Пророковиќ од Центарот за стратешки алтернативи.

- Сега, дали се работеше за некоја сугестија на Вашингтон, негативно да се одговори на таа идеја, не знам. Гледано од сегашната перспектива, САД имаат причина и за и против Царинска унија. Нивниот клучен интерес е сите балкански држави да се интегрираат во НАТО. Ако царинската унија би им помогнала во тоа, веројатно и тие самите би поттикнале таков проект, потенцира Пророковиќ.

Посилно трговско поврзување, според Борислав Боровиќ, задолжително значи и смирување на политичките тензии во регионот. Боровиќ вели дека не знае на кого мислел Вучиќ, но логично е дека тоа се центри кои не сакаат политичко смирување и дека тие не мора да бидат дури ни држави, туку интересни групи кои силно се мешаат во владите на некои земји на кои им одговара конфликт, на пример трговците и производителите на оружје.

- Наместо економско, тоа прашање станува пар екселанс политичко прашање. Ништо чудно, тоа веќе го гледаме на примерите на Северниот и Јужниот поток. Но, се на се, степенот на економската соработка на Балканот ја одредува и неговата политичка судбина, порача Боровиќ.

Што се однесува до економските интереси, па дури и без американскиот притисок или сугестии, Душан Пророковиќ укажува дека и Црна Гора и Македонија и Босна и Херцеговина имаат големи причини да бидат резервирани кон тоа прашање.

Босна, Македонија и Албанија, наместо Русија?

И тој ги наведе троговските биланси на останатите држави со Србија, која во овој момент остварува суфицит во стотици милиони евра. Ако дојде до основање на царинска унија, Србија би го зголемила својот извоз, тоа секако би и користело, но на нив не, смета Пророковиќ. Од тука е и нивната резервираност и пораките дека основањето на царинска унија не е реално.

Меѓутоа, Пророковиќ потенцира дека треба да се согледа и поширок контекст бидејќи на Србија царинската унија дефинитивно би и помогнала, но опасноста се крие во тоа што би престанал да важи Договорот за слободна трговија со Русија.

- Значи, таа царинска унија би морала да има единствена царинска политика кон Русија и ние би изгубиле пазар на кој претходните години извезувавме од 750 до милијарда евра. Дали таа загуба во работењето со Русија ние можеме да ја компензираме во Црна Гора, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина? Не сум видел таква математика, истакна Пророковиќ.

За развојот на економските односи со соседните земји треба да се размислува, но можеби вистински начин би била некоја програма „ЦЕФТА плус" за да ги изедначиме своите барања, да го намалиме чекањето на границите и така да ја унапредиме надворешно-трговската соработка, а истовремено да не се откажеме од Договорот за слободна трговија со Русија.

- На крајот на краиштата мислам дека предлогот кој дојде од Австријците, а зад кој стојат Германците, има врска и со тоа. Бидејќи, основањето на царинска унија и укинувањето на Договорот за слободна трговија со Русија, веројанто би значело и помало политичко мешање на Русија на настаните во Србија, што на Европската унија во овој момент и тоа како и е во интерес, резонира Пророковиќ. 

Спутњик - Москва

Поврзани

Најнови вести

Коментари