Кој е докторот со месечна плата од 227.000 евра, а работи во Скопје?

УЈП објави дека доктор кој работи во Македонија имал плата од 227.000 евра - месечно, или околу 2,7 милиони евра за една година. Кој е докторот? претпоставките се дека единствен кој според статусот и рејтингот би можел да биде е израелскиот доктор, кардиохирургот Салис Таџер кој работи во скопска Систина. Останува наскоро да се почека потврда на оваа претпоставка.

Највисоката годишна бруто плата во Македонија лани е исплатена во приватното здравство и изнесува 167.786.446 денари (2,7 милиони евра), а 25,6 (416.000 евра) милиони денари е највисокиот исплатен бунус од работен однос на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави денеска Управата за јавни приходи врз основа на поднесените годишни даночни пријави од граѓаните во 2016 година. Математиката вели дека докторот земал во просек по нешто повеќе од 227.000 евра месечно како бруто плата. Неговто име не се открива, пишува Пресс24.

Како што информира на прес-конференција директорката на УЈП Соња Лукаревска, граѓанин од Скопје минатата година пријавил највисок годишен приход од 255 милиони денари.

Највисоката остварена капитална добивка во 2016. изнесувала 82,8 милиона денара, а досега највисока таква добивка е пријавена во 2008 година и изнесувала 908.995.813 денари.

Од повремено вршење услуги жител на Велес заработил 58,3 милиона денари, додека граѓанин од Скопје пријавил заработка од 109,1 милион денари од дивиденди и други приходи остварени од учеството во добивката.

Пензионери од Скопје и од Струмица пријавиле најголема заработувачка во 2016 година кои освен пензијата оствариле приходи и по други основи.

Прворангиран е пензионер од Струмица кој пријавил 41,8 милиони денари вкупен годишен бруто приход по сите основи вклучувајќи ја и пензијата.

Највисок годишен бруто приход само по основ на пензија лани е пријавен во Скопје во износ од 1.838.837 денари или 30.000 евра.

Прворангиран според вкупно остварени приходи од имот и имотни права во кои спаѓаат издавање земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид имот, во 2016 година е обврзник од Тетово кој пријавил 65,5 милиони денари.

Највисок вкупен бруто приход од 17,3 милиони денари од авторски права и права од индустриска сопственост пријавил обврзник од Скопје. Од милион до 27 милиони денари се износите што ги пријавувале граѓаните од добивки од Лото, обложување, казино и учество во наградни игри, при што највисока добивка односно вкупен бруто приход од игри на среќа остварил жител на Скопје кој само по тој основ пријавил 27,5 милиони денари.

Лани годишна даночна пријава до УЈП поднеле 439.689 граѓани кои пријавиле годишни бруто приходи во износ од 173.592.004.847 денари, како и персонален данок во износ од 10.133.228.081 денар.

Наспроти нив 63 илјади физички лица не доставиле годишна даночна пријава во законски пријавениот рок до 15 март минатата година.

Дел од нив доброволно се пријавиле во УЈП и платиле персонален данок.

Поврзани

Најнови вести

Коментари