Светот се обедини против Исламската држава

ЌЕЛИЈА 3: Уапсени 5 џихадисти од Македонија - членови на ИСИС

Во соработка со турската полиција уште петмина македонски државјани припадници на Исламска држава паднаа во акцијата Ќелија. Уапсените припадници на IS посетувале верски предавања на радикални имами во Скопје и Куманово

Лицата на возраст од 18 до 24 години, пред две недели биле пронајдени и уапсени во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во турската населба Аксарај, каде чекале поволни услови за трансфер во Сирија.

Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди, а според МВР тие подолг временски период посетувале верски предавања на радикални имами во Скопје и Куманово.

„Двајца македонски државјани од Куманово на возраст од 21 и 24 години заминале за Турција на 22-ри минатиот месеци со автобус, при што оствариле излез на Граничниот премин Табановце, за потоа преку Ниш и Софија да пристигнат во Истанбул, додека останатите три лица (едно од Куманово и две од Скопје на возраст од 18, 19 и 20 години) заминале за Турција кон крајот на минатиот месец исто така со автобус, но преку граничниот премин Богородица. За две од лицата нивното исчезнување било пријавено и во полиција од страна на нивните родители. Имено според сознанијата, пријавените подолг временски период посетувале верски предавања на радикални имами во нивните градови каде започнало нивното индокринирање и радикализирање", рече министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Осомничените се вратени во Македонија, против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите им е определена мерка притвор. МВР и натаму продолжува со превземање мерки и активности за обезбедување докази и против други лица влучени во индокринирање, помагање и логистика за целите на Исламската држава.

„Освен акцијата со турските безбедносни сили, по претходно обезбедени сознанија, во соработка со албанската полиција на 14ти август во Тирана беше уапсено уште едно лице по кое се трагаше, а беше опфатено со акцијата Ќелија која се спроведе во август минатата година. По распишаната меѓународна потерница лицето беше приведено и во тек е постапка за негова екстрадиција" рече министерот Чавков.


Хронологија на џихадизмот во Македонија

Ова е трето продолжение на акцијата Ќелија, која МВР ја споведува со цел да се спречи македонски државјани да се приклучат кон муџахединските единици во Сирија.

Првите 11 уапсени кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава ја признаа вината и се осудени, а во акцијата „Ќелија 2" беше поднесена кривична пријава против седум лица, четворица беа уапсени, а тројца недостапни за полицијата.

Меѓу осудените има и еден Македонец, а меѓу нив е и Имамот од Тутунсуз џамијата во Скопје.

За само една година уапсени се 23 лица осомничени за учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации, од кои 11мина веќе ја признаа вината и добија затворски казни од 2 до 7 години.

Според информации од министерството, 25 лица досега загинале на боиштата на Сирија, додека повеќе од 50 македониски државјани се сеуште дел од Исламската држава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари