Виница

Ќе се уредува коритото на Виничка река

Изградба на комуналната инфраструктура во повеќе населени места во општината и изградба на филтер станица во Виница, ќе бидат приоритетите во низата проекти кои ќе бидат реализирани во 2016 година, а се планирани во општинскиот буџет, најави градоначалникот на Виница Емил Дончев.

- Изградбата на филтер станица и проширување на водоводната мрежа ќе бидат едни од капиталните инвестици на општината во наредната година. Со средства од ИПА програмата ќе го уредиме коритото на Виничка река, ќе направиме реконструкција на улиците „Илинденска" и „Пролетерска", истакна Дончев.

Ќе се изгради и канализациона мрежа во селата Градец, Јакимово, Истибања, Драгобрашта и Липец, а во јануари 2016 година ќе се изгради водоводниот систем во село Грљани, додека во село Трсино ќе се гради филтер станица.

Реализирањето на овие проекти, според градоначалникот Емил Дончев, финансиски се подржани од Владата на Република Македонија, дел од донации, а дел од сопствениот буџет на општината.

Поврзани

Најнови вести

Коментари