ЈАНАКИЕСКИ ДЕЦИДЕН

Ќе се гради карго аеродромот

Карго аеродромот во Штип ќе се гради и тој е во пакетот што според концесискиот договор треба да го реализира турската компанија ТАВ. Ова го изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески при посетата на Штип каде од граноначалникот на овој град, Зоран Алексов се информираше за спроведување на акцијата за чистење на реката Брегалница.
-Турски ТАВ ќе го гради и карго аеродромот во Штип заедно со планираните активности за модернизација на скопскиот и охридскиот аеродром - рече Јанакиески кој ги демантираше информациите дека Владата има намера да направи отстапки во концесискиот договор и поради економската криза да го изземе делот што се однесува до изградба на нов аеродром во околината на Штип.

ТАВ, согласно договореното со македонската Влада, треба на 30 овој месец да ги преземе двата домашни аеродроми кои ќе ги реконструира и модернизира и со нив ќе стопанисува во наредните 20 години. Засега, вели Јанакиески, нема најави и барања од турската компанија за ново пролонгирање на рокот за преземање на аеродромите, но доколку такво нешто се случи, јавноста ќе била благовремено известена.

(С. Бл.)



Најнови вести

Коментари