Грчки мајтап со македонското државно име

Ќе го биде, само што не го било... макар никогаш не било

Спорот околу името помеѓу Република Грција и Република Македонија опфаќа неколку прашања главно обединети околу името Македонија, етничкото потекло на населението што живее во оваа земја, како и ословувањето на јазикот кој тоа го користи. Ескалацијата на спорот се проширува до такви рамки што неговото решавање вклучува и учество на меѓународни медијатори од највисоко ниво.

Во македонското Собрание СДСМ и нивните колаициони партнери на 13 април 1992, се согласуваат дека зборот Македонија не може да биде вклучен во ниту една форма во името на Република Македонија. Република Македонија под своето уставно име аплицира за членство во Обединетите Нации на 30 јули 1992 година. Од официјалната апликација до официјалниот прием, предизвика дипломатска бура во ОН а во меѓувреме, додека се чека признавање од ОН, Бугарија, Хрватска, Србија, Литванија, Словенија, Турција, Белорусија... ја признаваат Македонија под уставното име. 

Во текот на 1992 година Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и меѓународната конференција за поранешна Југославија, се согласија да ја примат Македонија под уставното име, но до разрешување на спорот со Грција да ја користат привремената референца: „the former Yugoslav Republic of Macedonia - FYRM". Истата терминологија е прифатена во јануари 1993 и од Франција, Шпанија, Обединетото Кралство. Овој предлог проциркулира на 22 јануари 1993 од страна на Генералниот секретар на ОН – Бутрос Бутрос Гали. Предлогот е веднаш одбиен од Грчкиот министер за надворешни работи – Михаел Папконстантину. Во писмо до Генералниот секретар од 25 јануари 1993, тој вели дека: „Kористењето на терминот Република Македонија во било која варијанта, ќе создаде уште поголеми тензии и може да предизвика дестабилизација во регионот." Грчкиот премиер, Константин Мицотакис, ја смени тврдата позиција и изјави дека Грција ја прифаќа привремената референца. На 7 април 1993, Советот за безбедност го одобри влезот на Македонија со Резолуцијата 817.

Во Резолуцијата се вели дека:
- Референцата "the former Yugoslav Republic of Macedonia" е привремена референца и се користи сè додека спорот не се реши
- Терминот е референца а не име, како неутрална гледна точка во спорот. Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата.
- Терминот е за користење само во Oбединетите Nации и не е обврзувачка за било кои други организации
- Терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.

По официјалнот признавање како FYRОM, Грција не ја призна Македонија. Прва од големите сили беше Кина која ја призна Македонија под уставното име на 13 октомври 1993. На 16 декември 1993,   земји членки на тогашната Европска заедница: Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија и Обединетото Кралство ја признаа Македонија под референцата. Останатите земји на ЕЗ ја признаа Македонија до крајот на декември. Следуваа Јапонија на 21 декември, Русија на 3 февруари и САД на 9 февруари 1994.

Во Македонија се појавија политички проблеми. Влезот на Македонија во ОН со користење на привремената референцата ФИРОМ во Собранието беше изгласана со само 30 гласа за, 28 против и 13 воздржани. ВМРО-ДПМНЕ, повика на предвремени избори и го напушти парламентот, откако и беше изгласана доверба на тогашната влада на СДСМ со 62 пратеника.

За нормализација на меѓусебните трговски, државни и политички интереси Грција и Македонија потпишаа Привремена спогодба, во Њујорк на 13 септември 1995 година.

Со овој договор, Македонија се согласи да го смени своето знаме (ѕвездата од Кутлеш) и да го дополни Уставот во делот на преамбулата каде што се вели дека Македонија нема никакви територијални претензии кон ниту еден од нејзините соседи. Грчката страна се обрврза да не го попречува патот на Македонија кон зачленување во институциите како што се меѓународните монетарни институции, НАТО, ОБСЕ, ЕУ и слично. Барањето за зачленување може да биде со уставното име, но Грција го задржува правото на блокада на прием ако тој не е под времената референца. Во овој договор, Македонија и Грција се ословени како првата и втората страна, или по името на главните градови: Атина и Скопје. За посредник во преговорите за трајно решение од ООН е поставен Метју Нимиц.

Од тогаш, па еве до карјот на 2017 година, Македонија и Грција преговараат... и се уште нема договор. Заради грчкиот ултиматум, формален или заднински преку партнерски држави, Македонија не е примена ниту во НАТО ниту во Европската унија иако за последниве десет години имавме шест препораки за прием во ЕУ, и пет во НАТО бидејќи ги исполнуваме условите за почеток на преговорите за ЕУ, а во 2008 на самиотот во Букурешт бевме на чекор пред влез во НАТО кога дури и американскиот претсдеател Џорџ Буш изјави дека наредниот ден во НАТО влегува - Македонија, Денот дојде, но влезот не се случи.

За овие 24 години се сработија десетина варијатни на вакви и онакви имиња кои никогаш не станаа официјални предлози, туку останаа шпекулации. Во Грција се сменија пет премиер, и сите со ист став - договор нема. И постојано истиот модел: ЕУ бара брз договор, Нимиц преговара, Македонија е во исчекување, и од време на време ќе се појави некоја нова варијанта на име, а потоа следи тишина, криење од одговорноста на оние кои прифатиле референца без никакави гаранции за крајно решение во догледен рок. Последните шпекулации се дека најдоцна до април-мај 2018 ќе се смени уставното име на државата и ќе биде едно од имињата: Горна Република Македонија, Република Горна Македоноија, Република Северна Македонија... и тоа не е ништо ново.

Вечер, на 27 октомври 2004 година, додека работата е се уште жешка и се чека остварување на ветувањето од Киро Глигоров дека рефернцата е краткотрајна и следи брзо решение, пишува: Новото име ќе го добиеме до почетокот на 2005(Наслов), и во текстот продолжува... Грција повторно се обидува да не прекрсти. Овојпат како "опција" го нуди името "Нова Македонија". Оваа кованица вчера ја промовира атинскиот весник "Апофаси", кој тврди дека спорот со името ќе биде решен најдоцна до почетокот на 2005 година и дека "Нова Македонија" има најголеми шанси да стане официјално име на нашата држава. "Апофаси" наведува дека "првпат по многу години грчката дипломатија, изгледа, е на пат да пронајде решение за спорот".

Насловот и текстот во Вечер не се од вчера, иако по содржината така наликува, туку од 2004 година!

Дојче веле, на 30 мај 2007, објавува интервју со холандскиот европратеник Ерик Мејер,назначен за известувач на Европскиот парламент за следење на обврските на Република Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Мејер тврди дека наскоро мора да има решение за спорот помеѓу Македонија и Грција! Тоа е 2007 година.

Еве, десет години по Мејер, а 22 години од потпишувањето на спогодбата со Грција и промена на уставното име и знамето во Собранието на Република Македонија, нема ништо ново. Истите изјави, истите шпекулации и истите ветувања. Колку ли луѓе од европската дипломатија, како и од нашите и грчки експерти и дипломати потрошија пари - за ништо. Направија кариреи на овој вечен проблем.

Сето ова наликува на гранапско мајтапење: ќе го биде, само што не го било... макар никогаш не било. И така, 22 години по ред: ќе го биде, само што не било... 

 

 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари