ГО НАПАДНАЛ СО ШРАФЦИГЕР

Караница и тепачка помеѓу двајца браќа во Гостивар

Помеѓу нив двајца пред два месеца дошло до вербална расправија поради нерасчистени имотно-правни односи, а потоа преминала во насилна тепачка

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Б. (49) од село Чегране поради загрозување на животот со опасно орудие при тепачка или караница.

Помеѓу него и брат му пред два месеца дошло до вербална расправија поради нерасчистени имотно-правни односи, а потоа преминала во насилна тепачка. Немилиот настан се случил во непосредна близина на чајџилницата во селото Чегране, Гостиварско.

При расправијата пријавениот физички го нападнал брат му, а во еден момент од возилото успеал да земе и еден шрафцигер со кој се обидел повторно да го нападне.

Тепачката ја спречил нивниот татко, а оштетениот случајот го пријавил во ПС Гостивар.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари