Државната изборна комисија

Кандидатите за градоначалници ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалници во сите општини во Република Македонија и град Скопје денес ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори, соопшти Државната изборна комисија.

Согласно член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборниот процес потпишуваат
Кодекс за фер и демократски избори.

Со овој Кодекс учесниците во Локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но
и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги
промовираат принципите на слободни и фер избори.

Учесниците во изборите со потпишувањето на Кодексот јасно изразуваат волја да го
почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на
слободни избори со тајно гласање.

Церемониите на потпишување на Кодексот се во организација на општинските изборни
комисии и Изборната комисија на градот Скопје.

Кандидатите за градоначалници на градот Скопје Кодексот ќе го потпишат во седиштето на
Државната изборна комисија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари