ВМРО ДПМНЕ со предлог до Шилегов за петте милиони

Каде ќе исчезнат три милиони “екстра вредност“ за уривање на галиите на Вардар

Шилегов најави дека ќе потроши дури пет милиони евра за да ги тргнел галиите од Вардар кои, со сите трошоци, вредат најмногу два милиони евра? Каде ќе заврши вишокот вредност од три милиони евра?! Дали е ова модел кој ќе се применува на многу други места, и со кој мистериозно ќе исќезнуваат десетици милиони евра исплаќани на оние кои треба да се “обесштетат или откажат“ од градбите кои ќе ги апира или урива новата власт. ВМРО ДПМНЕ му даде план на Шилегов каде и како попаметно да ги потроши парите но, во нивниот модел нема „екстра вредност“.

Наместо 5 милиони за дислокација на Галиите од Вардар, Шилегов парите да ги искористи за реалните потреби на граѓаните.

Од ВМРО ДПМНЕ му предлагаат на скопскиот градоначалник милионите кои сака да ги потроши на рушење на веќе постоечки објекти, да инвестира во изградба на канализација во население места Гоце Делчев, Трубарево, Идризово, Јурумлери и Дрма.

Советниците од опозицијата велат овој проект ќе беше завршен доколку тие раководеа и натаму со општината, бидејќи претходниот градоначалник ја изгради препумпната станица.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше планирано да се изгради фекална канализација во населените места Гоце Делчев, познато како Скопско Поле каде што сме сега, понатаму Трубарево, Идризово, Јурумлери, Колонија и Дрма. И верувајте дека и ќе беше реализирано.

А сега, се наоѓаме во ситуација кога Градоначалникот Ѓорѓиевски сака да ја презадолжи општината со 1 милиони и 200 илјади евра, а Петре Шилегов сака да потроши 5 милиони евра за дислокација на веќе постоечки објекти како галиите од речното корито во Центар.

Ова е класично недомаќинско работење. Ова е класично расипничко работење.

Еве му порачуваме на Петре Шилегов 5те милиона евра наменети за дислокација на галиите да бидат пренаменети за изградба на канализација во овие населени места.

Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите или ако си заработил.

Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов и Борче Ѓорѓиевски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари