Јово Вангеловски се сретна со експертската група на Прибе

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски денеска имаше средба со групата експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од Рајнхард Прибе.

Како што соопшти Врховниот суд, на средбата се разговарало за актуелната состојба во судството и предлог-мерките за спроведување реформи подготвени од страна на претседателот на Врховниот суд, со цел независно и непристрасно судство како гарант на демократијата и владеењето на правото, во фукција на заштита на човековите слободи и права.

Експертската група предводена од Прибе, според најавите, во текот на оваа недела престојува во земјата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари