Јаковлески: Љубчо, Љубе и Стојанче се политичари на дугме, каде беа да ја осудат Тиранската платформа

Во името на десетици и стотици луѓе затворани за идеите на ВМРО, и сите ние кој својот живот го посветивме на оваа голема идеја и енергија, и кои се вградивме во ВМРО ДПМНЕ, сакам да прокоментирам за најновите изјави на Љубчо, Љубе и Стојанче, пишува на социјалната мрежа Фејсбук Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие луѓе покажаа дека се политичари на дугме. Секогаш кога тоа му е потребно на сценаристот, и кога ќе се процени дека тоа им е потребно на инструментот СДС тие се појавуваат. Приметете, тројката политичари на дугме, никаде ги немаше кога се создаваше Тиранската Платформа, не кажаа ниту збор за обидите за промена на знамето, грбот, химната, кога се обидуваа да воведат двојазичност, да не прогласат како род и држава за геноцидни. Никаде ги немаше да ја заштитат Македонија, а еве ги сега да расправаат за ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето имаат обврски кон некого, и еве сега е времето кога ќе пробаат да ги завршат, и воопшто не сум зачуден туку само изненаден што чекаа толку. Сепак, и покрај нивното подаништво и сервилност, тие не се вистинскиот противник на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што одамна тие не се ВМРО, и по својот однос, и начин на дејствување. Тие се само политичари на дугме, испостава, која е гласна, но безопасна. Тоа нема да помине, пишува Јаковлески.

Тој вели дека Македонија е мала земја.

-Сите се знаеме, добро ја знаеме и оваа бизнис тројка која е во прегратка на СДС и сценаристот. Можам да кажам, времето ве прегази. ВМРО е голема партија, и многу повеќе од тоа. Тоа е животна емоција, и единствениот вистински браник на државните и национални интереси. ВМРО ќе победи!, додава Јаковлески.

Поврзани

Најнови вести

Коментари