Изменет сообраќаен режим од утре на патот од Струга кон „Ќафасан“

АМСМ информира дека на магистралниот пат А2, делница Струга – граничен премин „Ќафасан“ утре во 14 часот почнува измената на возниот режим за сообраќај која ќе трае до завршување на градежните работи.

Од АМСМ исто така информираат дека попладнево ообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари