Измамени од нашите: Втора група печалбари се вратија и без пари и без работа

Ова е втората група аспиранти за печалбарство, која се врати од Словачка. Младите момчиња го пријавија случајот и во полиција. 

Печалбарите во минатото

Ова е местото во Словачка каде пред само неколку дена заминаа преку 30 момчињата од Македонија со цел да најдат работа. Но тврдат дека не го добиле тоа што им било ветено, па биле принудени да се вратат. Денеска се вратија уште 10-мина, од кои 7 се од Скопје а тројца од Куманово.

Балканците ги мамат Балканците - внимавајте кога барате работа преку Фејсбук

Со автобус пристигнаа во Скопје околу 15 часот. Револтирани се бидејќи како што велат, посредникот, кој им ветил вработување, всушност ги измамил, а неколкумина нивни пријатели ги оставил во тешки услови.

„Другите останаа таму, немаат пари да се вратат, останаа без пари. Не знам како ќе се вратат, ние потрошивме околу 500-600 евра за да се вратиме, но не знам како ќе им помогнеме на нив", вели Атнан Авдиевски.

Ова е втората група аспиранти за печалбарство, која се врати од Словачка. Младите момчиња го пријавија случајот и во полиција. ТВ21 контактираше со МВР, од каде добивме потврда дека има пријава, по телефон.

„Во врска со вашето барање, ве информираме дека на 09.01.2018 година имаше телефонска пријава за измамени граѓани кои се вратиле од Словачка. Кога полициските службеници излегле на местото на настанот, (кај паркингот спроти Скопски Саем), немало никој. До сега нема никаква пријава од граѓани кои дошле лично да дадат изјава во полициска станица", соопштија од МВР.

ТВ21 во текот на вчерашниот ден, контактираше со Влатко Ѓорѓиевски, човекот кој што преку оглас регрутира работна сила од Македонија за во Словачка.

Внимавајте кога барате работа преку Фејсбук - Балканците ги мамат Балканците

Тој вели дека луѓето кои останале таму се добро и веќе почнале да работат. Уверува дека жалбите од лицата кои одлучиле да се вратат назад, не се точни. Во текот на вчерашниот ден, од Словачка се вратија уште 20 жители од село Копаница, само три дена откако речиси цело село ги испрати на работа таму.

Извор. тв21

Поврзани

Најнови вести

Коментари