Избрани новиот генерален секретар и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, Игор Јанушев е избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот Централен комитет на партијата.

За потпретседатели беа избрани екс министерот за транспорт и врски –  Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци – Митко Јанчев, и поранешниот пратеник Александар Николовски.

На Централниот комитет, како што самите се изјаснија, не беа поканети Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои се потписници на отвореното оисмо со кое јавно се критикуваше изборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Г.Н.Р.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари