Иван Лотески од Варош го фати крстoт во Охридското Езеро

Повеќе стотини верници утрово се фрлија по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, а најсреќен од нив беше Иван Лотески од Варош кој прв успеа да доплива до крстот. По излегувањето од вода, среќниот Лотески изјави дека на манифестациите по повод Водици учествува од својата 12-та година, а ова е прв пат да го фати крстот.

Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление – Водици во Охрид годинава го следеа неколку илјади граѓани. Манифестацијата е во организација на Дебарско – кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари