Има ли институции да го спречат грабежот на Супер купот?!

Скопските хотели во пресрет на фудбалскиот Супер куп, кој ќе се одржи на 8 август, ги кренаа цените и до 10 пати повеќе.

Според претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија - ХОТАМ, Крсте Блажевски енормното покачување на цените за престој во главниот град, кој за две ноќевања достигнува и цени од 1.000 евра е неоправдано и негативно ќе се одрази врз репутацијата на нашата држава.

-Најчесто тоа се приватни хотели кои сами си ги одредуваат цените, но не е вообичаено тие да се зголемат за десет пати. Ниту нашата организација, ниту Министерството за економија на Македонија законски не може да ги одредува цените и да става максимални цени, бидејќи е работи за приватни компании, вели Блажевски.

Според него, станува збор за злоупотреба на ситуацијата од страна на хотелите на кој не може да им пратат инспекција поради енормното покачување на цените.

Генерално, политиката на цените на хотелите не може да се контролира. Инспекција може да прати само УЈП врз основа на тоа дали е платен данокот на ноќевањата кој е намален од 18 на 5 отсто. Данокот на ноќевања беше намален на 5 отсто, но само за апартмани до 200 евра, вели Блажевски и додава дека едно од барањата на ХОТАМ за да не се прават вакви злоупотреби данокот да биде повисок за оние хотели кои наплаќаат над 200 евра за ноќевање.

Од ХОТАМ објаснуваат дека оние навивачи кои веќе резервирале соба и платиле аванс на букинг може да ги тужат хотелиерите, бидејќи, како што велат, во меѓувреме ги промениле цените.
Блажевски, исто така, додава дека голем дел од навивачите ги откажуваат резервациите и резервираат во хотелите во соседните земји, кои според него се изгубени пари како за хотелиерите, така и за македонската економија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари