Ибрахими: Ги осудувам нападите врз мојата приватност

Кандидатот на Движењето Беса за градоначалник на општина Чаир Зеќирија Ибрахими ги осудува нападите врз неговата приватност и смета дека се резултат на, како што вели, стравот што ги зафатил неговиот противкандидат и неговите шефови дека ќе ги изгубат изборите на 15 октомври.

- Последователните напади врз мојата приватност веќе неколку денови продолжуваат од кукавичките шефови на кандидатот на СДСМ-ДУИ за општина Чаир, кои на најподмолен и најнизок начин и со напади од најнечовечките се трудат мојот персонален маил и фејсбук да ги држат под контрола, злоупотребувајќи секаков вид законска и правна норма. Овие напади понекогаш доаѓат од самиот кандидат, а понекогаш и од неговите шефови, рече Ибрахими на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека сите обиди на повредување на неговата приватност, се пријавени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

- Барам од сите органи, што побрзо да го разгледат случајот и кои и да бидат авторите на овие напади да се казнат што побрзо. Исто така ја повикувам и меѓународнта заедница во Македонија да го евидентира овој случај, рече Ибрахими.

Поврзани

Најнови вести

Коментари