И Унгарија ќе ги затвора невладините на Сорос!

Ваквиот чекор на унгарските власти претходно го најави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, според кого невладините организации добиват пари од странство со цел "да организираат прилив на бегалци и да поттикнуваат миграција". Сличен процес во Македонија неодамна најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Прогласот на партијата на 17 декември. Груевски неодамна и во интервју рече дека американскиот милијардер во Македонија создал "армија од невладини организации кои се обидуваат политиките на една земја да ја насочат кон остварување на целите на "Сорос"

Унгарија планира да ги затвори сите невладини организации кои финансиски се поврзани со американскиот милијардер и основач на Фондацијата "Отворено општество", Џорџ Сорос, објави вицепремиерот на Унгарија, Силард Немет.

"Овие организации неопходно е да бидат потиснати со сите расположливи средства и јас мислам дека треба да бидат избирашани. Мислам дека меѓународните услови сега се вистински за тоа бидејќи е избран нов претседател на САД#, вели Силард Немет.
Ваквиот чекор на унгарските власти претходно го најави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, според кого невладините организации добиват пари од странство со цел "да организираат прилив на бегалци и да поттикнуваат миграција".
Сличен процес во Македонија неодамна најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Прогласот на партијата на 17 декември.


"Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и НВО, по теркот на најнапредните демократии во светот", рече Груевски.


Груевски неодамна во интервју рече дека американскиот милијардер во Македонија создал "армија од невладини организации кои се обидуваат политиките на една земја да ја насочат кон остварување на целите на Сорос".
Инаку, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, Сорос јавно најави битка со новата администрација нарекувајќи го Трамп "иден диктатор". Американските медиуми изминативе денови потсетуваат на мрачното минато на Сорос.

Весникот "Њу американ" потсетува на интервју на милијардерот од 1998 година во кое тој отворено говори за соработката со нацистите за време на Втората светска војна и конфискацијата на имотите на еврејските семејства. Весникот пишува дека Сорос, кој е роден во Унгарија во богато и образовано семејство, во 1944 година кога нацистите ја окупирале Будимпешта, таткото на Сорос, знаејќи дека периодот што следи ќе значи големи проблеми за Евреите, одлучил да го раздели семејството. На сите им купил лажни документи, подмитил човек од власта за да го земе 14-годишниот Џорџ Сорос и да го претстават како христијанин и негов кум.
Додека 100 илјадници унгарски Евреи биле пренесени во логорите, Џорџ Сорос и неговиот "кум" од владата се спасиле, но не само тоа, туку заедно го конфискувале имотот на Евреите, пријатели и соседи, па дури и роднини на малиот Сорос. Видео снимката од интервјуто за Си-би-ес неколку пати е избришана од интернет поради контроверзните ставови на Сорос во него.
Руската разузнавачка служба пред помалку од две години го обвини Сорос за незаконско вкрстено користење на шведската и данската валута со цел напаѓање на руската берза. Руската тајна служба, според овие наводи, открила дека Сорос со незаконските финансиски трансакции соработувал со фирми од Данска, а финансирањето насилни демонстрации и тероризам во соработка со руски граѓани и невладини организации, според руските власти била пракса на Сорос и неговите соработници во многу држави, а не само во Русија.
Според руските финансиски власти, овие незаконски трансакции освен извлекување капитал и профит од Русија без законски основ, вршеле и подривање на рускиот финансиски систем. Ова е особено битно затоа што руските власти, по воведувањето на западните санкции кон државата, постојано вршат длабински и детални истражувања на сите финансиски операции кои имаат врска со стабилноста на руската рубља и руската берза, а она што го прави американскиот милионер Џорџ Сорос според нив е кршење на законот за што Сорос треба да договара.
За да му се суди на Џорџ Сорос, рускиот претседател Владимир Путин тогаш нареди да се издаде меѓународен налог за апсење, како за трансакциите за кои станува збор а исто така и за финасирање на политички движења кои со негова помош организираат насилни демонстрации и кршење на руските закони.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се едно исто

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Фондацијата Сорос својата активност во земјата ја насочила на узурпирање на невладиниот сектор со цел поддршка на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.


- СДСМ и Сорос се едно исто. Дел од истата шема на деструкција и антидржавно делување. Анонимната Фани Каранфиловска, наследничката на Владимир Милчин, на врвот од Соросовата инсталација во Македонија, го прави она за што е платена со тешки милиони евра, а тоа е да го продолжи неговиот лик и дело и со узурпација на невладиниот сектор да му врши услуги на СДСМ и да ја узурпира волјата народот, изјави вчера на прес - конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.


Според него, граѓаните ја видоа деструкцијата на СДСМ-Сорос на дело и ги казнија на избори за, како што посочи, платеничките револуции, нападите врз полицијата, вандализмот и за уништувањето културни споменици. Додаде дека наследничката на Милчин со својата изјава признала дека за се што прават во Македонија нивната централа била запознаена и високо свесна за, како што наведува, штетата која и ја прават на државата.


- Речиси 150 милиони евра од Сорос-Македонија се директно потрошени на корумпирање на македонското општество. Нивниот најголем проект е платеничката револуција чиј производ е огромна штета на државниот и општествениот имот, физички напад врз полицијата и редица други испади, се со цел да се поддржи и помогне аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од медиумите видовме дека само во последните две години истата таа претседателка Фани Каранфиловска инкасирала 4.808,567 денари, и тоа во периодот кога таа раководеше со платеничката револуција која удри по институциите, историјата и достоинството на државата, истакна Ѓорѓиевски.


Според него, Фани Каранфиловска не одговорила и зошто огромен процент од европскиот буџет на Сорос оди токму на Македонија, и тоа, вели, по правило секогаш пред избори кога овие, како што посочува, таканаречени граѓански организации добивале поголеми суми, организирале протести, кампањи во кои отворено застанувале зад политички опции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари