logo
logo
logo

I have a GUN

Vecer | 25.09.2007

I have a GUN

Срамен крај на собраниската расправа за изборниот законик, кој вчера заврши со општа тепачка меѓу пратениците на ДУИ и ДПА. Нетрпеливоста меѓу двете партии се вжешти по говорот на лидерот на ПДП Абдулади Вејсели, кој од ДУИ го оценија како провоцирачки и навредувачки. Претседателот на Собранието ја прекина кавгата, но на паузата Вејсели физички беше нападнат од пратеникот на ДУИ Садула Дураку.

Ситуацијата за момент се смири, по експресната реакција на собраниското обезбедување и останатите пратеници, но тензијата ескалира на координацијата што потоа ја свика спикерот Љубиша Георгиевски. Според изјавите на опозицијата, во просторијата каде се одвивала координацијата, наводно упаднале лидерот на ДПА Мендух Тачи, Вејсели и пратеникот Матоши. Тачи наводно и се нафрлил на координаторката на пратеничката група на ДУИ, Теута Арифи и почнал да ја дави. Според СДСМ, и се заканил нејзе и на потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули дека нема да излезат живи од Собранието.

Спикерот Георгиевски застанал во одбрана на Арифи, но долетале нејзините сопартијци и настанала општа тепачка меѓу пратениците на ДУИ и ДПА. Оваа верзија на инцидентите, која никој освен учесниците не ја регистрираше, ја отфрлија во ДПА.

Пратеникот Бесим Догани, изјави дека тие само ја повикале Теута Арифи да се врати во собраниската сала. По инцидентот, Теута видно растреперена беше префрлена во собраниската амбуланта.

Во целиот хаос се вмешало и партиското обезбедување на двете албански партии. Поминувајќи низ ходникот еден од телохранителите од ДУИ го нападнал и новинарот на А1, Лирим Дулови.

- Го знам напаѓачот и веднаш го пријавив и во полиција, изјави Дулови, кој не знае од што биле испровоцирани телохранителите на ДУИ.

Под засилено обезбедување пратениците еден по еден го напуштаа Собранието. Надвор имаше засилено полициско обезбедување, но имаше и лица од партиските обезбедувања. Кај еден од телохранителите на ДУИ, наводно, било пронајдено оружје, по што е приведен во полиција. Приведени биле и снимателите на ТВ Алсат.

Се се случи неочекувано, откако партиите веќе успеаја да се договорат да заврши првата фаза од повеќедневната дебата за изборниот законик и да се премине на законите од ЕУ-агендата. ДУИ
- Јас само ги кажав аргументите за и против Изборниот законик.
Меѓутоа пратениците на ДУИ дофрлуваа разни коментари на ниско ниво, кои не можеда ги употребува еден уличар, а не пратеник, по што претседателот ја прекина седницата. Кога јас тргнав кон моето место од позади ме удри Садула Дураку и после ми се нафрло целата пратеничка група. Но, за среќа реагираше обезбедувањето на Собранието и другите пратеници, изјави Вејсели, веднаш откако беше нападнат. Тој тврди дека не дал никави квалификации и навредливи зборови, иако од ДУИ и СДСМ јасно посочија што рекол Вејсели.

- Алити ми рече ќе видиш ти надвор кој сум јас. Му реков ако имаш нешто ќе се видиме надвор и ќе се договориме бидејќи не сум научен да дискутирам на таков недермократски начин. Од ДУИ велат дека е виновен Вејсели кој со пцовки и навреди ги предизвикувал.

- Тоа што Абдулади Вејсели го изнакажа на наша адреса не се лекува. Се срамам што Вејсели уште еднаш докажа до каде е границата на лудилото. Ако на г-динот Љубиша Георгиевски му пресушија идеите за други претстави, го молиме да не режира вакви срамни испади и
срамни претстави во Парламентот, рече Адеми. Тој наводно не
видел дека Дураку физички го нападнал Вејсели.
Претседателот на Собранието се огради од инцидентот бидејќи се случил за време на паузата.

- Одеднаш дојде до дијалог меѓу Вејсели и Алити, кој стана опасен и
јас дадов пауза. Се што потоа се случи е за време на паузата, која не
е под моја контрола, ниту на Собранието, а одговорноста ќе ја носат
актерите во случката, рече Георгиевски.

Груевски апелира да се смират страстите

Премиерот Никола Груевски апелира до лидерите на политичките партии и пратениците во Собранието да влијаат на смирување на страстите и нормализирање на работата на Парламентот.

- Сите проблеми мора да се решаваат исклучиво во институциите на системот, исклучиво со отворен дијалог и меѓусебен респект, независно
дали постојат разлики во мислењето, се вели во соопштението од Владата. Премиерот го осудува денешниот чин на физичка пресметка како начин на разрешување на споровите и различните мислења. Тоа
е чин кој може да и наштети на Македонија во евроатланските интеграции и на генералниот имиџ на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk