Со грантови за наводен развој на невладиниот сектор и на независните медиуми

Холандската амбасада финансира опозиција и создавање парадржавни системи во Македонија

За намерата на холандската амбасада да работи против актуелната владејачка гарнитура и против Република Македонија говори и фактот дека еден од финансираните проекти е сајт на кој ќе се објавуваат податоците за сите медиуми во Република Македонија: кои се нивните основачи, колку пари вложиле, кои им се уредниците, колку новинари работат за нив, колку приходи и расходи оствариле во текот на годината и по кои основи и слично. Сите овие податоци кои ќе ги објавува новиот портал се веќе достапни преку Централниот регистар и Управата за јавни приходи. Тоа значи дека амбасадата финансира создавање паралелен систем во Македонија наспроти државните

Ако не се блиски до опозицијата или до албанските партии во Македонија, холандската амбасада нема да поддржи ниеден проект во рамки на фондовите за развој на невладиниот сектор и независните медиуми.

Овие денови сме во очекување на резултатите од отворениот повик за финансирање на развој на нови независни медиуми во Македонија, кој заврши на први декември 2013 година, а резултатите требаше да бидат објавени до 31 декември 2013 г. Но, тоа не се случи.
Во затворена постапка амбасадата најпрво реши да склучи договори со медиумите кои по свои критериуми си ги одбра, па дури потоа да ги извести јавноста и останатите апликанти за процесот кој го спровела целосно нетранспарентно.

Информациите говорат дека со 80.000 грант од Холандија ќе биде делумно финансирано отворањето на нов дневен весник близок до опозицијата и отворањето на четири нови портали чиишто основачи, исто така, се новинари и луѓе блиски до опозицијата.

За намерата на холандската амбасада да работи против актуелната владејачка гарнитура и против Република Македонија говори и фактот дека еден од финансираните проекти е сајт на кој ќе се објавуваат податоците за сите медиуми во Република Македонија: кои се нивните основачи, колку пари вложиле, кои им се уредниците, колку новинари работат за нив, колку приходи и расходи оствариле во текот на годината и по кои основи и слично. На овој веб-проект работат поранешни новинари од кланот Рамковски.

Сите овие податоци кои ќе ги објавува новиот портал се веќе достапни преку Централниот регистар и Управата за јавни приходи.

Тоа значи дека амбасадата финансира создавање паралелен систем во Македонија наспроти државните институции кои потоа би се користеле за намери и цели за потребите на опозицијата и странските амбасади пред центрите на одлучување во Брисел.

Според информациите на Вечер, до средината на февруари ќе се знае кои Соросови медиуми ќе добијат и холандски пари.

Нивните имиња ќе бидат јавно достапни откако холандската амбасада ќе ја заврши процедурата на потпишување на договори со нив.

Колку за потсетување, од 2008 г. до крајот на 2013 година, холандската амбасада го финансираше работењето на невладината организација "Разбуди се" на чело со Артан Груби, кој стоеше зад организацијата и нередите на скопското Кале. Тој потоа стана државен функционер на ДУИ.

Холандската амбасада го финансираше и работењето на ЛГБТ центарот во Македонија и го поддржуваше одржувањето на геј-парадите.

Никогаш не видовме финансирање на образовни проекти во училиштата или поттикнување на претприемништвото, малите претпријатија, земјоделието и културата. Единствено видливо добро од финансирањето на холандската амбасада се 50-те лалиња засадени во Градскиот парк во Скопје.

(Р.В.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари