ДУИ го бутка по секоја цена

ХАН ЗБОРИ - КАНТА ТРОПА 2: Се топи ЕУ иднината со Законот за јазици

Рокот од три дена за амандманска расправа по законот за јазици почна да тече без да се одржува дебата по амандманите. Артан Груби само ја отвори седницата на комисијата за европски прашања за да се утврди дневниот ред и веднаш потоа ја одложи бидејќи немаше претставник од Владата. 

Дополнително во салата не беа присутни ни опозициските пратеници на ВМРО - ДПМНЕ кои се во тивок бојкот, но кои имаат 84 амандмани на законот. Рокот за дебатирање истекува во среда. По тоа оваа фаза од донесувањето на законот се затвора, и тој слободно ќе може да се стави на пленарна седница за дефинтитнво донесување.

Артан Груби во два наврати ја одложува амандманската расправа. Првиот пат тоа го направи две недели откако еврокомесарот Хан посочи дека законот не е дел од европските приоритети. Груби во петокот закажа нова седница, иако сега пак, е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата.

Дали на овој начин власта не го користи Деловникот за побрзо да го помине законот за јазици?

- Не е злоупотреба таква е процедурата. ВМРО-ДПМНЕ беа викнати, треба да дојдат и да ја заокружат имплементацијата на охридскиот договор, посочи Груби.

Според него, јавноста е запознаена со законот и нема да пропушти многу.

Пратениците на СДСМ со чие гласање за дневен ред практично се овозможи роковите за амандмани да течат без дебата, упатуваат на Груби како претседател на матичното тело.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на овој начин парламентарнотот мнозинство на СДСМ покажува дека не им е битна европската агенда и сакаат Парламент без опозиција и без контрола.

„ СДСМ покажа дека не сака да има опозиција ниту во Собранието на Република Македонија, ниту во државата. Нивната неодговорност е видлива и е плод на опиеноста од власт. Тргнаа по погрешен пат кој ќе и нанесе лоши последици на целата држава и на сите нејзини граѓани", се вели во соопштението од ВМРО-ДППМНЕ.

Последното продолжение на амандманската расправа се очекува во среда.

Поврзани

Најнови вести

Коментари