Хан в понеделник доаѓа во Скопје

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, в понеделник доаѓа во дводневна посета на Скопје. Предвидено е да има средба со претставници на политички партии и со премиерот Зоран Заев. Засега нема информации дали еврокомесарот ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Главна тема на средбите ќе биде спроведувањето на реформските приоритети и имплементацијата на планот „3-6-9“. Дводневната посета се очекува да ја заврши со прес-конференција, на која ќе даде оцена за постигнатиот прогрес и за разговорите со политичките претставници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари