Хан преку Твитер: Skopje, here I come!

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан наредната недела доаѓа во Македонија.

Посетата на Скопје тој ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

- Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан на својот налог на Твитер.

Во твитот како извонредна ја оцени средбата Османи и со Димитров.

- Верувам дека Владата ќе го искористи позитивниот момент и оти ќе ги видиме резултатите од натамошните реформи до крајот на годината. За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата, нагласи Хан.

На средбата во Брисел вчера биле отворени сите прашања поврзани со еропската агенда на Република Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари