Директно ќе се гласа за законот

Хан џабе збори, ДУИ е на чекор до Македонија двојазична

Намерно или не, пропаднаа и амандманите на СДСМ со кои требаше да се унапреди употребата на сите јзици на немнозински заедници, а не само на Албанците. Партијата на Зоран Заев тврдеше дека амандманите се услогласени со ДУИ. Груби спротивно на ова, тврди дека ДУИ го прифаќа законот само така како што е предложен.

Непроменетиот текст значи дека на главното заседние воопшто и нема да се расправа по законот, туку директно ќе се гласа.

ДУИ ја блокираше амандманската расправа, со што пропаднаа амандманите на СДСМ, што значи дека СДСМ се однапред договорени за ваквиот исход за законот за јазици. ВМРО-ДПМНЕ бојкотираше, но џабе. БЕСА тропаше, ама и не им е во интерес да не го поддржат законот.

Законот за јазици со кој се официјализира употребата на албанскиот јазик на целата теритрија и на сите нивоа, непроменет оди на пленарна седница за и конечно да биде донесен.

ДУИ преку долги реплики на Комисијата за европски прашања успеа да ја блокира амандманската расправа за законот. Иако имаа тридневен рок за дебата и гласање по амандманите, претседателот на Комисијата Артан Груби потврди дека нема да се стигне со гласање по ниту еден амандман, со што текстот на законот останува ист.

Со ова практично пропаднаа и амандманите на СДСМ со кои требаше да се унапреди употребата на сите јзици на немнозински заедници, а не само на Албанците. Партијата на Зоран Заев тврдеше дека амандманите се услогласени со ДУИ. Груби спротивно на ова, тврди дека ДУИ го прифаќа законот само така как што е предложен.

Непроменетиот текст значи дека на главното заседние воопшто и нема да се расправа по законот, туку директно ќе се гласа.

Груби претходно тактизираше со закажувањето на Комисијата за европски прашања со што набрзина го потроши рокот од три дена за амандманска расправа. Се отвори само расправа по амандман на БЕСА. Но, откако пратениците на ДУИ почнаа со долги реплики, БЕСА ја напушти работата на телото.

БЕСА сепак ќе гласа за законот.

Амандманската расправа помина и без учество на ВМРО-ДПМНЕ поради притворите на пратениците, иако опозициската партија има 86 амандмани на законот. Тие се однесува на укинување на двојазичноста односно унапредување на употребата на сите јазици на немнозинските заедници, потоа за кратење на употребата на албанскиот јазик на целата територија на државата и на укинување на казните.

Поврзани

Најнови вести

Коментари