Грујевски и Бошковски уапсени во Солун

Дали МВР може да ги потврди овие информации?

Доцна вечерва се уапсени екс началникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и Никола Бошковски, по кои полицијата трагаше со меѓународна потерница, според неофицијални информации тие биле приведени во Солун.

Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права во предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина" и „Таргет", кои се споени во еден предмет.

Грујевски е главниот обвинет во „Тврдина" и „Таргет". Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски. И за двајцата Врховниот суд ја потврди мерката притвор.

Поврзани

Најнови вести

Коментари