Груевски: Задоволен сум од изборот на Специјалниот обвинител

Специјалниот јавен обвинител ќе ја има сета поддршка за ефикасно и професионално работење, вели во разговор за Сител премиерот и лидер на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски. Задоволен е и од персоналното решение и од законските одредби кои ја регулираат работата на специјалниот обвинител

 

-Задоволство од законот и личноста која е висок професионалец со меѓународни обуки и која според искуството укажува дека ќе стане збор за личност која професионално ќе може да се носи со работата. Ќе ја има целосната поддршка, сакаме најтранспарентно и најефикасно да си ја обавува работата, вели премиерот.

Премиерот смета дека е добро за државата што специјалниот обвинител е избран навреме и дека со тоа се покажува посветеноста и коректноста на владејачката партија.

-Мислам дека со изборот успеавме да спречиме било какви тензии и на некој начин ги демантиравме сите шпекулации дека сме сакале да нема договор. Не, навреме по преговорите се избра и личност и се договори закон. Од наша страна сме целосно коректни, вели Груевски за Сител.

Во периодот кој следи до најавените предвремени парламентарни избори, Груевски најавува целосна посветеност на проектите за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

-90 отсто од фокус е на економија и нови работни места, вели Груевски.

Изборот на специјален јавен обвинител е дел од обврските кои лидерите на партиите ги преземаа со договорот од Пржино за излез од политичката криза.

Поврзани

Најнови вести

Коментари