ВМРО им се врати на главните теми

Груевски: Следат пеколни денови со СДСМ

Да ги збиеме редовите, да се обединиме и да бидеме единствени, бидејќи така ништо не ни можат. Ние сме партија на народот, истакна на денешната свечена академија во Штип по повод 23 Октомври - Денот на револуционерната борба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски


Груевски во своето обраќање истакна дека веќе десет години 23 Октомври се слави како Ден на македонската револуционерна борба, но оваа година е прва кога се укинува и државната награда.
- Очигледна е незаинтересираноста на новата власт кон одбележување на овој голем празник и значаен ден за македонската историја. Затоа сме ние тука кога оваа власт се срами и се плаши од овој голем ден и празник. Тука сме ние ВМРО-ДПМНЕ да го одбележиме и прославиме, да се
потсетиме и инспирираме.

Да се инспирираме од минатото од македонското револуционерно минато за слободата на Македонија. Во годината во која што новата марионетка на власт без никаква јавна дебата, без консултација со стручната и поширока јавност без да го праша народот за тоа во негово име потпиша договор со една соседна држава со кој објави дека 1944 година од нашата историја била дел од историјата на таа соседна држава и дека во тој правец планира да ги менува учебниците по историја, рече Груевски.
Тој забележа дека ова е првпат кога, вели, нашата историја стана алатка за да може да се менува името, јазикот и идентитетот, а се со цел некој да дојде и да се задржи на власт.

Груевски порача дека тие се партија која гледа кон иднината, не бега и не се плаши од иднината, а иднината ја гледа кон ЕУ и во добрососедските односи. Но, како шти забележа тој, тоа не значи и да се дозволи историјата да се менува.
- Живееме во тешки времиња, во големи искушенија и со големи идеали. Но, во какви времиња живееле нашите основачи. Основачите знаеја дека ќе треба време за да се оствари идејата, но знаеја дека најпрвин идеја мора да има, и ја создадоа идејата, а потоа да ја создаде организацијата, а организацијата да го создаде делото. Делото е слободна суверена и независна Македонија, рече Груевски.
Тој во својот говор на свеченета академија по повод 23 Октомври- Денот на револуционерна борба забележа дека тие како партија се виновни за сите документарни филмови и споменици кои се подигнати за македонските револуционери со цел да им се даде значење, но и да се открие делото на основачите на ВМРО.

 Според него, ако го нема ВМРО ќе ја нема и Македонија, а како што рече тој, живееме во време кога духот на Македонецот е уништен. Членовите на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, додаде, се прислушувани и имаат досиеја кои се водат како националисти шовинисти, но според него, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се патриоти.

- Тие нема да застанат тука ќе има пеколни удари, ќе има жртви и саможртви ама ќе издржиме. Ќе издржиме и ќе победиме. Влогот е голем, тој влог не е влог на денешницата, тој влог е склесан во минатото од нашите предци и ќе биде развиван од нашите деца и внуци, рече Груевски.
Груевски се осврна и на настанатите од 27 април во македонското Собрание. Според него оние коишто учествувале во насатаните колку и да погрешиле биле испровоцирани од кршењето на Уставот.
- Откако се виде дека се спроведува селективна правда и ослободува најтешки криминалци и убијци стана јасно дека веќе е бесмислено да се бара одговорност од луѓе кои борејќи се за својата земја поведени од своите емоции направија погрешни чекори на 27 април. Тие немаат толку мастило заради родољубивиот народ од 27 април да го запишат на нивните страни од историјата. Не. Тој сентимент, таа емоција на срамен начин испровоцирана реакција која за жал доведе до неоправдливо насилство во еден дел, но во основа беше длабоко патриотска, рече Груевски.
На свеченета академија на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската револуционерна борба говореше само претседателот на партијата Никола Груевски, а беа присутни основачите на ВМРО-ДПМНЕ поранешни министри, членови и симпатизери од партијата на општинските комитети
од земјава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари