Вака почна се пред 14 години

Груевски од 2003, годината кога стана лидер на ВМРО ДПМНЕ

Во мај 2003 година на Конгрес на ВМРО ДПМНЕ имаше двајца кандидати за претседател, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски. Победи вториов, Груевски. Тој стана наследник на Љубчо Георгиевски кој беше претседател на ВМРО ДПМНЕ 13 години, практично од основањето на партијата до таа, 2003 година.

На првитите избори на кои излезе како лидер, Груевски го кандидираше докторот Сашко Кедев како противкандидат на шефот на СДСМ Бранко Црвенковски на кои избори Црвенковски победи и стана претседател на Македонија, но по кои избори со одењето на Црвенковски СДСМ влезе во сериозна дезориентација, губење идентитет и на крај губење 10 избори по ред од ВМРО ДПМНЕ  откако Груевски стана премиер на Република Македонија од 2006 година, вклучително и минатите парламентарни избори во 2016 година.

Првото мерење сили во кои Груевски доби околу 440.000 гласови беше референдумот против територијалната поделба на Макеоднија во 2004 година. СДСМ со ДУИ договорија нов етнички распоред на општините, вклучително и градот Скопје после кои Куманово, Скопје, Струга и Кичево добија албанско учество со над 20% и локаллна власт во Струга и Кичево.

СДСМ повика на бојкот на референдумот со повикот “Некои прашања не заслужуваат одговор“. Иако за тој референдум, за да не се примени новата територијална поделба, беше јасно дека нема да заврши успешно затоа што беше неопходно да излезат околу 800.000 гласачи и дадат поддршка на референдумот, исто така беше јасно дека Грувески и ВМРО ДПМНЕ добија - иако референдумот не успеа. Партијата и Груевски, за прв пат во нивната историја, ја помина границата од 400.000 гласачи - добија толку многу гласачи зад себе што тоа беше промоција каква ветуваше иднина, и тоа за прв пат од речиси сите етнички заедници што во времето на Љубчо Георгиевски не беше случај. Тие 440-450.000 гласачи постојано, од 2004 до 2016 година стоеа зад ВМРО ДПМНЕ, гласаа за нив, и на партијата им обезбедуваа десет изборни победи.

На локалните избори 2017 година Никола Груевски, како лидер на ВМРО ДПМНЕ, загуби за прв пат откако стана премиер. По тие избори деновиве поднесе оставка.

Еве го неговиот телевизиски настап од времето кога стана лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари