Груевски: Не сум нарачал шамари, ме судат за неколку скршени прозорци

„Денеска уште еднаш имавме судење од политички прогон. Одиме на судење поради протест каде се скршени неколку прозори. Ние имавме ситуации од „Шарената револуција“ каде ја запалија канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов во станбена зграда. Жерновски е политички противник и ова е политичко судење“, рече поранешниот премиер Никола Груевски на судењето на насилствата во Центар.

На прашањето дека во снимките има нарачка на шамари, Груевски рече дека ниту нарачал, ниту имало такво нешто, туку дека се обвинети за протест каде имало неколку скршени прозорци.

Груевски е обвинет за насилство каде е предвидена казна од 3 месеци до 5 години.На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот, Јордан Ристевски. Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во 2013 година.

К.Ландов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари