ЗА СЕДУМ ГОДИНИ ОТВОРЕНИ 120.000 РАБОТНИ МЕСТА

Груевски: Нашиот главен проект е отворање нови работни места и вработување на младите

Стапката на невработеност се очекува да се намали од сегашните 28,6 на околу 22 отсто и да се отворат 64.000 нови работни места

Кога ние му помагаме на бизнисот, сметаме дека им помагаме на невработени луѓе. Нашата клучна цел е отворање работни места во Македонија, вели премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Ако имате најниски даноци, ако имате значително подобрени услови за правење бизнис, а тоа го потврди и Светската банка со тоа што од 94. место, нас не рангира на 25. место во светот. Тоа го потврдуваат и купиштата фирми кои доаѓаат во Македонија и изградија свои фабрики. Тогаш вие овозможувате отворање на нови работни места, а наша клучна цел е отворање работни места во Македонија. Ние предвидуваме отворање на најмалку 64.000 нови работни места. Поконкретно кажано, во регистарот на невработени да се намали бројот за 64.000 невработени, а во регистарот на вработени да се зголеми бројот за 64.000 вработени. Ние во овие седум и пол години, и покрај тоа што имавме тешки услови, пет и пол години работевме во услови на криза, успеавме да отвориме нови речиси 120.000 работни места - вели Груевски.

Тој потенцира дека таа бројка од 64.000 вработувања е многу остварлива, особено во време кога нема да има кризи. Оваа бројка е базирана на пресметки на очекувани компании кои треба да дојдат и различни други видови пресметки.
-Очекуваме намалување на стапката на невработеност од сегашните 28,6 на околу 22 отсто. Понекогаш луѓето прашуваат што ни значи слоганот Има разлика". Еве еден пример кога станува збор за вработувањата и невработеноста. Секогаш кога е СДСМ на власт, невработеноста расте. Некаде 1992, 1993 година невработеноста во Македонија е 18 проценти. СДСМ ја има власта до 1998, невработеноста постојано расте. ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт 1998-2002 година, и покрај конфликтот и слично, имаше едно мало опаѓање на невработеноста. Доаѓа СДСМ, невработеноста повторно расте и доаѓа до 38 отсто. Од 18 до 38 отсто. Доаѓа ВМРО-ДПМНЕ на власт, од седум и пол години, пет и пол години криза, успеваме за 10 процентни поени да ја намалиме невработеноста на 28,6. Тоа се уште е многу и се уште е висока. Но, во едно такво тешко време, кога невработеноста низ земјите во Европа расте, се отпуштаат вработени, платите се намалуваат, пензиите и социјалната помош се намалуваат, кај нас ништо од ова не се намалува, а невработеноста опаѓа. Јас тоа го ценам за успех - истакна Груевски.

Тој потсети дека во времето на СДСМ не се случила голема гринфилд-инвестиција, кога инвеститор гради фабрика и отвора нови работни места. Во тоа време, додаде, имаше само приватизација, која им овозможи на блиските олигарси на СДСМ за без пари да си ги приватизираат фабриките.

Премиерот во гостувањето на Сител 3 истакна дека во новата програма Провереноо се предвидени доста проекти за младите. За мене клучниот проект е тој што го донесовме токму пред изборите, кој сега почнува да се спроведува, а тоа е секој работодавец што ќе вработи млад до 29 години во првите 12 месеци да биде ослободен од плаќање придонеси и персонален данок на доходд, изјави Груевски.

За неполни две седмици, како што нагласи тој, работодавците поднеле барања за околу 700 нови вработувања на млади лица, додавајќи дека до овој момент сигурно бројката достигнала и до 1.000 барања.

Истакна и дека оваа бројка на барања за вработување млади лица ги надминала нивните очекувања.
- Обврската на работодавците е да ги задржат уште минимум 12 месеци, не само да ја искористат можноста и да ги избркаат, но постои можност да се вработат и како сезонски, на пример на три месеци, па уште три да ги задржат или шест со шест месеци - нагласи Груевски.

Тој додаде дека во програмата се предвидени и голем број други проекти за младите.
- Се предвидува еднаш во месецот да има бесплатни билети за железница во еден викенд за пензионери, а во друг за млади лица. Секој четврток да има бесплатен јавен превоз за студентите, бесплатно одење во кино и театар, а пензионерите по изборите ќе имаат бесплатен превоз и во недела - истакна Груевски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари