Груевски: Најниски даноци во светот, поголеми плати, пензии, субвенции

Нови 150 илјади работни места во Република Македонија и намалување на невработеноста под 10 проценти до крајот на наредната декада. Ова вечерва од централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија" го најави лидерот на партијата Никола Груевски.

- Затекнавме 560 илјади вработени во 2006 година, а кога заминавме во мај оставивме 733.000 вработени, за 173 илјади повеќе. Ако успеавме да ја намалиме невработеноста од безмалку 40 отсто кога дојдовме во Владата на 22,5 отсто колку што е сега, бидете сигурни дека ќе успееме да ја намалиме под 10 проценти до крајот на наредната декада, изјави Груевски.

Тој најави 2,5 пати поголем приход по глава на жител просечно, односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител, што ќе значи 2,5 пати пари за се. Груевски најави најниски даноци во светот, поголеми плати, пензии, субвенции. Тој вети за учениците од прво до петто одделение бесплатен и здрав оброк на училиште, локации и земјиште за изградба на нови куќи по симболична цена од едно евро за метар квадратен...

Кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев ја претстави својата програма која содржи 148 проекти.

- Економијата останува нашиот главен приоритет. Само таќа ќе создадеме услови за економски развој и нови вработувања. Ќе продолжиме да ги развиваме индустриските зони во Мамутчево, Речани, УЗУС и ќе отвориме нова индустриска зона кај поранешната фабрика „Елегант". Ќе изработиме студија за изградба на гасоводна мрежа на град Велес, рече Чадиев.

Поврзани

Најнови вести

Коментари