Груби ручаше со Нимиц - кој ја плати сметката?

Артан Груби преку ноќ направи обид да се претстави себеси како еден од главните фактори за решавање на спорот за името и целосно излезе надвор од своите пратенички ингеренции давајќи неумесни коментари кои се штетни за дипломатските напори на Македонија бидејќи не доаѓаат од официјална позиција иако се кажани од политичар на висока функција.

Сега тој имал и работен ручек со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк при што изјавите се далеку поумесни и без досегашната уефорија која ја наметна.

Груби му ги пренел на Нимиц сите негови впечатоци од интензивните средби во Вашингтон, вклучувајќи ги и обсервациите и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.

Двајцата соговорници разговарале општо за спорот и посредништвото на Нимиц и споделиле размислувања за актуелните збиднувања.

Според Груби компромисот за името мора да овозможи безодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што би резултирлоа со оддржлив мир и стабилност во Македонија и регионот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари