Грозоморно убиство пред Велигден ја потресе Македонија

Вчеравечер на улицата „Борка Медаро", триесетгодишниот М.М. ја убил баба си во нејзината сопствена куќа. Внукот влегол во спалната соба каде спиела неговата баба и со перница се обидел да ја загуши.

Истата давала отпор и некако се оттргнала од него, по што тој извадил метален боксирач и ја удрил неколку пати во пределот на главата. Жената починала на лице место, а внукот по еден час сам се пријавил во прилепката полициска станица – пренесе Тв 21.

Полицијата веќе извршила увид на местото на настанот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари