ГРЦИТЕ ДО БУТАРИС: Предавнику, оди во Скопје да бидеш градоначалник

Oколку 70 лица се собра денеска пред зградата на општина Солун и побара оставка од солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, по неговите изјави за евентуални преименувања на аеродромот и автобуската станица во Солун кои го носат името „Македонија".

„Да одиш во Скопје да бидеш градоначалник"; „Предавник", извикувале граѓаните, пренесуваат локалните медиуми.

Бутарис за своите изјави рече дека се извадени од контекст.

„Утрово ми се јавувија од 'Скај', јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме прашаа кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис"- се правдаше Бутарис.

Ова не е прв пат со своите изјави Бутарис да ја вознемири грчката јавност.

Инаку, Бутарис има потекло од Македонија, поточно од Крушево.

Поврзани

Најнови вести

Коментари