Грчки медиуми: Коѕијас и Димитров ќе се состанат во Софија

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, би можеле да остварат нова средба во Софија, соопштија грчките медиуми. Според грчката државна телевизија ЕРТ ваква средба веројатно ќе биде остварена в четврток.

„Коѕијас и Димитров повторно ќе се состанат во Софија, на маргините на неформалниот совет на министрите за надворешни работи на ЕУ со колегите од земјите кандидати за европска интеграција“, објави грчката државна телевизија.

И весникот „Катимерини“ пишува дека лидерите на македонската и грчката дипломатија ќе имаат нов состанок во бугарскиот главен град.

Министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров вчера се сретнаа во Виена. Тие се согласија да продолжат со преговорите за спорот за името под покровителство на Обединетите нации. На средбата присуствуваше и медијаторот Метју Нимиц.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари