Голема лага на СДСМ за иселувањето од Македонија!

Ако се иселиле 600 илјади граѓани поради "режим", тогаш зошто СДСМ освои помалку од 2.000 гласа од дијаспората и се бореше да се одземе правото на глас?

Гласачите од дијаспората ја разобличија лагата на СДСМ за бројот на иселени лица од Македонија. Наспроти тврдењата дека над 600 илјади лица се иселиле од Македонија поради незадоволството од т.н. режим, СДСМ на последните избори освои помалку од 2.000 гласови.

Подолг период наназад, СДСМ и нејзините медиумски мегафони постојано манипулираат со лаги и нереални бројки поврзани со иселувањето од Македонија . Без научна и ниту било каква друга основа, СДСМ постојано продолжува да манипулира дека од земјава поради "режимот" се иселиле дури над 600 илјади граѓани.

Во предизборието, исклучиво за политички цели, СДСМ тврдеше дека од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година, а кога ќе се додаделе и иселените во 2014, 2015 и 2016 година, бројката на иселени била драстично поголема. Дека ваквите манипулации не се ништо друго, туку само од ракав фрлена бројка во политичката борба покажува фактичката бројка на освоени гласови на СДСМ на изборите во декември минатата година.

Прашањето кое легитимно се поставува на ваквите лажни бројки пласирани од СДСМ е ако од државата се иселиле над 600 илјади граѓани поради "режимот", како што тврди партијата, тогаш зошто СДСМ на изборите одржани во декември минатата година освои помалку од 2.000 гласа од дијаспората и пред тоа се силно бореше да се одземе правото на глас на македонските иселеници? Иако "незадоволните иселеници" се голем потенцијал за нивни гласачи, сепак беше нејасно зошто СДСМ не сакаше истите тие да гласаат и ги направи сите можни опструкции, манипулации и изигрувања вредноста на нивниот глас да се намали што е можно повеќе,

Според тврдењата на соросовите експоненти и самиот СДСМ, причината за иселувањето на овој огромен број лица била поради лошите политики на власта и лошите постапки на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. КУРИР уште тогаш пишуваше дека формално СДСМ се залага за пратениците од дијаспората да се бираат според просечниот број на гласови за кој се избира пратеник во Македонија, но суштински и остварено во пракса значи дека тие ќе останат без пратеници во македонското Собрание, што практично и се потврди со резултатите од декемвриските избори.

Според нивната логика и нивната математика, над 600 илјади незадоволни и иселени се голем потенцијал за нивни гласачи, бидејќи според нивните тврдења тие ја напуштиле земјава незадоволни од власта. Од сето ова произлегува дека СДСМ очигледно некаде лаже и е неконзистентна, бидејќи нема никаква логика да не сака да гласаат оние кои незадоволни од нивниот политички опонент ја напуштиле Македонија, објави Курир.

Одговорот зошто СДСМ толку се бореше да ги неутрализира гласовите од дијаспората лежи и во резултатите кои доаѓаат од од последните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во однос на СДСМ, но поради наметнатиот нереален цензус од СДСМ, пратеник не беше избран.

Она што посебно излегува на виделина се манипулациите и лажниот мит кој го создаде СДСМ за иселени над 600 илјади граѓани поради незадоволството од т.н. режим. Доколку имаше и барем малку вистина во ваквите тврдења на партијата на Заев, тогаш СДСМ без проблем ќе ги добиеше трите пратенички места од гласовите на "незадоволните иселеници", а немаше да освои очајна бројка од 2.000 гласови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари