Фридом Хаус: Македонија е делумно слободна земја

Македонија е оценета како делумно слободна во најновиот извештај на Фридом хаус. Од земјите во регионот со иста оценка се и Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Бугарија, Србија и Хрватска се оценети како слободни држави. Во извештајот меѓу земјите кои можеби се приближуваат до значајни пресврти во нивната демократска траекторија и заслужуваат посебен надзор во текот на оваа година е наведена и Македонија. Се оценува дека македонската демократски избрана, етнички инклузивна влада се обидува да ја искорени корупцијата, како и другите системски злоупотреби кои се зголемија со скандали во претходната влада. Тука е и решавањето на „спорот за името“ со Грција која го попречува патот на земјата кон членство во ЕУ. Во извештајот се додава дека настаните во Западен Балкан покажаа потреба за континуиран ангажман во регионот од страна на големите демократии. Така во Македонија, како што се наведува, медијацијата од Вашингтон и Брисел помогна во решавањето на долгогодишната политичка криза, отворајќи го патот за нова, демократски избрана влада.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари