Гаснењето ќе продолжи наутро во четири часот

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Горат куќи во делчевско Драмче

Во делчевските села Селник, Драмче и Киселица моментално гори околу 100 хектари борова шума, а пламените јазици се стигнати и до куќите на жителите

Во акцијата на гаснење на пожарот се вклучени пожарникарите од Делчево, од ТППЕ Берово, вработени од локалната самоуправа, комунално претпријатие Брегалница, Шумско стопанство, ТППЕ Македонска Каменица и Гранична полиција.

Пожарот се уште беснее, а акцијата ќе продолжи во утринските часови во 4 наутро ќе се тргне од зградата на Противпожарната бригада во Делчево. Сите доброволци се добредојдени што побрзо да се изгасне пожарот кој е најголем досега. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари