Бил исчезнат 2 дена

Филип Ѓ. (24) од Кичево e починатото момче пронајдено во Охрид

Заврши увидот предводен од Јавен обвинител поврзан со пронаоѓањето на безживотно тело, што во 11 часот и 55 минути беше забележано во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич" кај мостот на каналот „Студенчишта".

„По извршениот увид во кој учествуваа и полициски екипи од СВР Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Филип Ѓ. (24) од Кичево, кој имал престојувалиште во Охрид. Денеска беше извршено препознавање на безживотното тело од страна на член на неговото поблиско семејство а по наредба на Јавен обвинител, во болницата во Битола, ќе биде извршена обдукција", соопшти СВР Охрид.

Инаку, на 16-ти овој месец, во 23 часот и 15 минути, во СВР Охрид, сега починатиот беше пријавен за исчезнат. Со него, според наводите во пријавата, бил невозможен контакт од 15-ти овој месец во 22 часот и 45 минути.

Поврзани

Најнови вести

Коментари