ПОПЛАДНЕВО ВО ОХРИДСКО

ФОТО:Феноменална глетка во Охрид, виножито над Самоиловите кули

Попладнево виножито се појави над Охрид. Мештаните и гостите уживаа во оваа прекрасна глетка. Изминува последниот ден од летото, утре почнува есента...

Утре и официјално во 22 часот и две минути почнува есента во Македонија. Ова годишно време почнува на целата северната хемисфера на Земјата, а  истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути.

За првиот есенски ден метеоролозите најавуваат сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 16 до 23 степени.

Есента ќе трае до 21 декември кога настапува зимата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари