Фатиме Фетаи: Адвокатите ја одолговлекуваат постапката, Груевски е обвинет за насилство

Специјалната јавна обивнителка Фатиме Фетаи, по завршувањето на главното рочише од случајот „Шамари“, изјави дека е задоволна од исходот на рочиштето со оглед дека конечно започнала главната расправа.

„Позитивно е што одиме со изведување на доказите. Наредното судење ќе имаме вкрстено испрашување. Однесувањето на адвокатите на одбраната, кои ја одолговлекуваат постапката ја го оценува судот. Груевски е обвинет за кривично дело насилство за кое е предвидена казна од три месеци до пет години“, рече Фетаи.

Таа додаде дека во обвинителниот акт многу јасно и детално пишувало за што се сомничи експремиерот Никола Груевски. Наредното рочиште е закажано за 18 декември.

К. Ландов

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари