Еколошки инцидент: Се излеа нафта од потонат брод во каналот Студнечишта

Денеска во каналот Студенчишта, кој се влева во Охридското Езеро, потона бродот „Мис Стоун“.

Како што велат очевидци од терен, од бродот е излеана нафта низ целиот канал и веќе е стигната до Охридско Езеро.

Според рибарите, кои и покрај излеаната нафта рибареа, вчера сè било во ред и, како што велат, најверојатно, инцидентот се случил во текот на ноќта бидејќи кога дошле во 6 часот утрово нафтата веќе била излеана.

Од езерската полиција велат дека не знаат ништо за инцидентот, иако нивната зграда се наоѓа на само неколку метри од местото каде што потона бродот. До 11 часот се уште немаше излезено никој од надлежните институции да го испита овој еколошки инцидент.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари