ТИШИНА ВЕ МОЛАМ

Џафери: Mинистерот за финансии не е тука, не можам да го чекам цел ден јас него!

Расправата и галамата во салата започнаа откако Џафери ја тргна од дневен ред точката за предлогот за извршување на Буџетот поради доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој требаше да го образложи,  – „Претставникот од Владата, министерот за финансии Драган Тевдовски не е тука, не можам да го чекам цел ден јас него. Он треба мене да ме чека, а не јас него", рече Џафери.

 

Вистинска драматургија се случува во македонското Собрание. Талат Џафери на почетокот на денешната седница, од задната страна на својот компјутер кон пратениците постави лист на кој преку слика и со порака „Тишина Ве молам", се обиде да им укаже да го почитуваат редот и да бидат дисциплинирани. 
Овој потег на Џафери уследи откако за време на расправата за дневниот ред на денешната 8 седница, пратениците бурно реагираа од своите места, а не помагаше ни ѕвончето.  
Расправата и галамата во салата започнаа откако Џафери ја тргна од дневен ред точката за предлогот за извршување на Буџетот поради доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој требаше да го образложи, по што Томислав Тунтев од СДСМ побара таа да биде вратена. Џафери го упати, со потпис на 20 пратеници да побараат итна седница.
Тевдовски во меѓувреме пристигна во салата, но Џафери беше дециден дека пратениците не се должни да го чекаат министерот.
– „Претставникот од Владата, министерот за финансии Драган Тевдовски не е тука, не можам да го чекам цел ден јас него. Он треба мене да ме чека, а не јас него", рече Џафери.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски побара дневниот ред да биде дополнет со нова точка – увид во Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, која не беше усвоена.
И пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека ова треба да се прифати како посебна точка на дневен ред, за, како што рече, да имаат можност пратениците да дебатираат за тоа.
-Цело време се крие што има во договорот, а сите ние тука, а и граѓаните имаат право да знаат, рече Димовски и ги обвини пратениците од мнозинството дека не прифажаат ниеден предлог од опозицијата.
-Мислам дека се обративте до пратеникот Талат Џафери и дека имате желба да го преземете местото претседател на Собранието, ама тука мора да има ред. Деловникот за работа на Собранието е јасен и тоа мора да се почитува, му одговори Џафери.
Во знак на протест пратениците од опозицијата почнаа да удираат по собраниските клупи.
Откако со 98 гласа „за", еден против и еден воздржан беше усвоен дневниот ред на 8. седница, без предлогот за извршување на Буџетот за 2016 година, Џафери ја прекина седницата поради заседавањето на Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред е реформскиот план на Владата „3-6-9", и која треба да усвои декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Македонија во Европската Унија и во НАТО. Продолжението го закажа за 15 часот.

фото: Мета

Поврзани

Најнови вести

Коментари