Тепачка заради паркинг

Двајца мажи и една жена нападнале скопјанка зашто не им се допаднало како се паркирала

Триесет и петгодишна скопјанка вчера била нападната од три лица на ул. „Антонио Грубишиќ" во Скопје кои реагирале за местото каде таа го паркирала автомобилот.

Од полицијата информираат дека А.С.С. (35) во полициската станица Центар пријавила дека вчера околу 15:45 часот на ул. „Антонио Грубишиќ" откако го зела малолетниот син од училиште тргнала кон нејзиното возило до кое стоеле две машки и едно женско лице. Трите лица веднаш почнале да ја навредуваат заради тоа што таму го паркирала возилото. Едно од лицата почнало да удира со тупаници по хаубата, потоа ја отворило вратата од возилото и со дланката ја удрило во пределот на главата, по што А.С.С. исплашена го стартувала возилото. Лицето почнало да удира по возилото, по што го искршило десниот ретровизор, а оштетената успеала да побегне.

СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести

Коментари