ДУИ порачува: Многу сме јаки, пак ќе победиме

Портпаролот наЦентралниот изборен штаб на ДУИ, Арбер Адеми, реагираше на , како што рече, намерната манипулативна кампања и искривувањето на вистината. Според него, ДУИ е апсолутен победник на изборите во албанскиот блок и тоа со двојно поголем број на гласови во споредба со противниците .

„Мерењето на гласовите се врши со споредување на партиската поддршка на добиените гласови за партиски листи за советници и тука ДУИ победи во секое место оставајќи го опонентите зад себе. Бројките покажуваат дека, дури и да беа тие заедно, пак ќе беа зад Демократската унија за интеграција.Оваа ситуација е иста и кај гласовите за кандидатите за градоначалници.

Затоа, 15-ти октомври ја одбележуваме 11-та по ред победа на Али Ахмети и на ДУИ и оваа дебата завршува тука. Овој 15-ти октомври го означува вториот по ред пораз на БЕСА и Алијансата за Албанците од Демократската унија за интеграција, проследен со недостаток на одговорност од страна на нивните лидери по овие континуирани загуби.

На 29 октомври, во трка сме со кандидатите за градоначалници каде сите водат уште од првиот круг. Народот повторно ќе направи разлика, ќе ја потврди победата на 15-ти октомври, ќе триумфираат разумот и вистината, а не ниските тенденции за измама на граѓанската волја за индивидуални интереси.Ние ве уверуваме дека на 29-ти октомври, во вториот круг во сите општини, народот ќе ја запечати длабоката и заслужената победа на Демократската унија за интеграција", порача Адеми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари