Драган Спасов Дац, во прво, вистинско лице

Секаде во светот, особено во држави со долга традиција на театрите како Франција, Холандија или Италија... а особено во Англија, паметат низа денови кога актери откажувале претстава во знак на револт што нивни колега бил под удар на полиции, судови или партии кога не вршеле дела против законот како насилства, убиства или силувања туку биле казнувани само поради својот збор и став. Директорите на тие театри, во такви ситуации, или се солидаризирале со актерите кои протестираат или држеле дистанца без комнетар за нивниот протест кој, по дефиниција, бил откажување претстава бидејќи како поинаку актери би покажувале протест.

Пред овие избори кои му ја донесоа директорската функција, Дац читаше политички говор и се закануваше на протестот на Шарената револуција во мај 2016. Се откажал ли од принципите за кои тогаш протестирал? Стоп за употреба на притворот како мерка за заплашување!

Актерите на МНТ откажаа престава во знак на поддршка за нивниот колега Владо Јованосвки кому му е одреден притивор заради учество во протестите “За заедничка Македонија“ при што околу 1.000 учесници на тие протести влегоа и во Собранието. Актерот Владо Јовановски не е од насилниците кои тепаа луѓе, пред се пратеници, и чија одговорност е јасна.

Директорот на МНТ Драган Спасов Дац даде изјава дека актерите кои протестирале со поддршка за колегата Владо Јовановски ќе бидат казнети, и дека тој протестот го доживува како удар врз себе. Како Дац себе се виде како полиција, обвинителство, суд, држава... треба допрва да објасни.

Она што сега може да се види е дека директорот е против своите актери, дури и ќе ги казнува. Еден од нив мораше дури и јавно да се правда и демантира самиот себе.  Зошто директорот Драган Спасов Дац го прави тоа, и која агенда тера, се гледа од видеото во прилог. Дали дење е политичар, навечер актер и директор, а во меѓувреме, во лимбо просторот, нешто трето. Како што ќе видите и на ова видео за него само шарените граѓани се - граѓани... другите се животни за отстрел. Актерот Владо Јовановски не беше шарен, и тоа му ја реши судбината.

Поврзани

Најнови вести

Коментари